петок, 26 јули 2024

Белата куќа: Одобривме само специфична и ограничена употреба на американското оружје на руска територија

Соединетите Американски Држави на Украина ѝ дале зелено светло само за „специфична и ограничена“ употреба на американското оружје во рамки на Руската Федерација, за да спречат напади на сопствените сили, изјави координаторот за стратегиски комуникации на Белата куќа Џон Кирби.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ако тие, Украинците, знаат дека постои руска единица веднаш преку границата која се спрема да нападне, тогаш здравиот разум наложува да им се дозволи да го користат оружјето добиено од САД за самоодбрана целено и со ограничен обем на употреба“, кажа тој на прес-конференција.

Кирби потврди дека станува збор за областите кои се соседни на областа Харков.

Тој повтори дека забраната за употреба на огнено оружје со долг дострел против цели во Руската Федерација останува на сила.

Претходно претставник на американскиот Стејт департмент кажа дека американскиот претседател Џо Бајден ѝ дозволил на Украина да го користи американското оружје за борба против цели во Русија од каде доаѓаат закани за областа на Харков, но ја оставил забраната за употреба на ракетите АТАКМС и други огнени оружја со долг дострел.

Волстрит џурнал во петокот објави, повикувајќи се на американски функционери, дека  Соединетите Држави ќе му дозволат на Киев да ги користи системите ХИМАРС и артилеријата за напади на руска територија во близина на границата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ