недела, 19 мај 2024

Белата куќа: Неприфатливо е Израел да ја блокира хуманитарната помош за Газа

Израел и Хамас би требало да ги надминал преостанатите разлики и да склучат договор за прекин на огнот, кажа денес портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа Џон Кирби.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Белата куќа оцени дека е „неприфатливо“ тоа што Израел ги затвори двете клучни точки за влез на хуманитарната помош во Појасот Газа.

Кирби кажа дека се надева дека конечниот договор ќе биде постигнат „многу брзо“ на преговорите во Каиро и изрази задоволство што сите страни испратиле свои претставници. Тој не кажа кои прашања останале нерешени.

Израел ги уверил САД дека воениот напад на палестинскиот град Рафа ќе биде „ограничен“ во опсегот и траењето и дека целта е да се пресече снабдувањето на Хамас со оружје, кажа Кирби.

Тој повтори дека Вашингтон е против воената операција во Рафа и дека сака граничниот премин, кој израелската војска го затвори, да биде повторно отворен „што е можно побрзо“.

Израелската војска вчера испрати тенкови во Рафа и ја презема контролата над граничниот премин со Египет.

Седум месеци по почетокот на војната, Израел објави дека испратил делегација во Египет на преговорите за прекин на огнот, еден ден откако Хамас го прифати предлогот за примирје на Египет и Катар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ