понеделник, 20 мај 2024

Белата куќа: Израелската офанзива на Рафа нема да го порази Хамас

Американскиот претседател Џо Бајден верува дека израелската воена офанзива во палестинскиот град Рафа нема да ја постигне целта на Тел Авив да ја поради исламистичката милитантна група Хамас во Газа, соопшти денес портпарол на Белата куќа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Нападот на Рафа, според неговото мислење, нема да ја постигне таа цел“, кажа портпаролот на Советот за безбедност на Белата куќа Џон Кирби.

Кирби кажа дека Хамас е под значителен израелски притисок и дека сега постојат подобри начини за борба против остатокот од раководството на групата од операција со значителен ризик за цивилите.

„Тврдењата дека се оддалечуваме од Израел или дека не сакаме да им помогнеме да го поразат Хамас едноставно не се во согласност со фактите“, додаде тој.

Актуелните преговори во Каиро за можен договор со ослободување на заложниците заврши без решение, кажа денес израелски функционер. Израел ќе продолжи со својата операција во Рафа, додаде тој.

Бајден вчера за првпат јавно го предупреди Израел дека Соединетите Американски Држави ќе престанат да испорачуваат оружје ако израелските сили извршат копнена инвазија на Рафа, градот преполн со палестински бегалци на југот на Газа.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кажа денес дека неговата земја е спремна да ги продолжи борбите сака ако тоа биде потребно.

„Како што веќе кажав, ако мораме, ќе се бориме со нокти“, порача Нетанјаху во видео изјава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ