вторник, 14 мај 2024

Белата куќа: Израел се согласи да ги сослуша САД пред инвазијата на Рафа

Израел се согласи да го сослуша мислењето и загриженоста на САД пред да започне инвазија на градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа, изјави денеска портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Кирби изјави за телевизијата Еј-би-си дека Израел му дал гаранции на Вашингтон дека нема да го нападне Рафа додека САД не добијат можност да ги споделат со израелските официјални претставници својата загриженост и ставови во врска со нападот, објави Ројтерс.

Кирби истакна дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен ќе го посети регионот на Блискиот Исток за да се заложи за договор за привремен прекин на огнот што Вашингтон сака да трае најмалку шест недели. САД очекуваат продолжување на привременото примирје, рече Кирби, истакнувајќи дека е зголемена испораката на хуманитарна помош за Појасот Газа.

Израелската војска е подготвена да ги евакуира палестинските цивили од Рафа и да ги нападне упориштата на Хамас во градот, изјави во средата израелски официјален претставник за безбедност.

САД соопштија дека не можат да ја поддржат израелската операција во Рафа без соодветен план за заштита на цивилите. Делегација на Хамас утре ќе го посети Каиро на разговори за постигнување примирје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ