сабота, 27 јули 2024

Белата куќа: Израел да не ги задржува средствата за Палестинците како одмазда за признавањето на Палестина

Белата куќа оцени дека Израел не треба да ги задржува средствата наменети за Палестинците како одмазда откако три европски земји одлучија да ја признаат државата Палестина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Џејк Саливан, советник на американскиот претседател за национална безбедност, ја критикуваше одлуката на Израел на признавањето од Шпанија, Ирска и Норвешка да одговори со задржување средства од Палестинската управа, велејќи:

„Мислам дека тоа е лоша стратегиска одлука бидејќи задржувањето средства го дестабилизира Западниот Брег. Тоа ја поткопува потребата на Палестинците за безбедност и просперитет, што е во интерес на Израел“.

Според него, „не треба да ги ускратуваме средствата преку кои се обезбедуваат стоки и услуги за невини луѓе“.

Сепак, Саливан беше критички настроен кон ирско-норвешко-шпанскиот потег за признавање на палестинската државност, велејќи дека целта може да се постигне само преку договор со преговори.

„Претседателот Бајден… евидентно го поддржува решението за две држави. Тој евидентно подеднакво нагласува дека тоа решение за две држави треба да се постигне преку директни преговори преку страните, а не преку еднострано признавање“, рече тој.

„Ние веруваме дека единствениот начин на кој ќе постигнете решение за две држави во корист и на Израелците и на Палестинците е преку директни преговори меѓу страните.“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ