сабота, 27 јули 2024

Белата куќа: Исламска држава е заеднички терористички непријател кој секаде мора да биде поразен

Белата куќа оцени дека џихадистичката група Исламска држава е „заеднички терористички непријател“, по нападот во Москва во кој беа убиени 133 лица, а одговорноста за нападот ја презема Исламска држава.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Исламска држава е заеднички терористички непријател кој секаде мора да биде поразен“, кажа портпаролката на Белата куќа Карин Жан Пјер.

Таа додаде дека американската администрација „силно го осудува гнасниот терористички напад во Москва на невините цивили“.

Бројот на загинатите во терористичкиот напад на салата Крокус во Москва порасна на 133, а ранети се повеќе од 150 луѓе. Приведени се 11 осомничени странци, меѓу кои четири лица кои го извршиле нападот, тврдат властите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ