понеделник, 30 декември 2024

Белата куќа: Иран се спрема директно да го нападне Израел

Висок службеник на Белата куќа изјавил дека Соединетите Американски Држави веруваат дека Иран се подготвува „непосредно да лансира балистички ракетен напад на Израел“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Постојат знаци дека Иран подготвува непосреден балистички напад на Израел“, се наведува во изјавата која ја пренесуваат Си-ен-ен и други светски медиуми.

„Активно ги поддржуваме одбранбените подготовки за заштита на Израел од овој напад. Директен воен напад на Иран на Израел ќе има сериозни последици за Иран“, се наведува во изјавата.

„САД се спремни да направат сè што можат за да му помогнат на Израел да пресретне сè што Иран планира да насочи кон него“, кажал американски функционер за Си-ен-ен.

Во април Иран лансираше бран дронови и ракети кон Израел, а повеќето беа успешно пресретнати.

Во овој момент не е јасно колку би бил силен овој потенцијален напад во однос на тој во април.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ