петок, 26 јули 2024

Белата куќа: Бајден кажа дека не сака да биде одговорен за почеток на трета светска војна

Американскиот претседател Џо Бајден не сака конфликтот со Русија околу Украина да предизвика глобална војна, кажа портпаролот на Белата куќа задолжен за национална безбедност Џон Кирби.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Неговата изјава доаѓа само неколку дена откако Белата куќа потврди дека Бајден му дал дозвола на Киев да го користи оружје испорачано од Соединетите Американски Држави за напади на руска територија.

„Бевме загрижени од ескалација од самиот почеток на оваа војна. И таа загриженост останува актуелна“, кажа Кирби за Еј-би-си њуз. „Претседателот кажа дека не сака да биде одговорен за почеток на трета светска војна. Не сакаме конфликт со Русија, другата нуклеарна сила“.

Според него, Бајден „ги сфатил сите последици“ од дозволата за Киев да го користи американското оружје „за цели на одбраната“.

Тој повтори дека на Украинците им е дозволено да гаѓаат само бази, артилериски позиции и други воени локации „кои Русите ги користат за создавање некој вид тампон зона“.

Белата куќа претходно соопшти дека забраната за употреба на АТАКМС ракетите на цели во Русија не се сменила. Русија, меѓутоа, соопшти дека Киев веќе ги користел АТАКМС и друго оружје со долг дострел за гаѓање цели на Крим, во Донбас, како и во регионите Запорожје и Херсон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ