среда, 23 октомври 2024

Белата куќа: Ако на Путин не му се допаѓаат случувањата во Курск, може едноставно да се повлече

Портпаролот за национална безбедност на Белата куќа Џон Кирби изјави дека конфликтот во Украина е агресорска војна на Русија против таа земја и дека, ако на претседателот на Русија Владимир Путин не му се допаѓа она што се случува во Курската област, може едноставно да се повлече од Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„А ако тоа не му се допаѓа (на Путин), ако му е тоа малку непријатно, тогаш постои лесно решение: може едноставно да се повлече од Украина“, кажа Кирби, коментирајќи ги изјавите на Москва дека упадот на украинските сили во Курската област е всушност конфликт на Западот со Русија.

Кирби оцени дека тоа е „смешна пропаганда на Путин“ која тој ја одржува од почетокот на војната, а тоа е дека морал да влезе во Украина бидејќи НАТО ја опколи Русија и дека поддршката на НАТО и САД на Киев само докажува дека Западот е против Русија, објавено е на сајтот на Белата куќа.

„Единствени кои војуваат со Украина се Русите, оние кои ја нападнаа Украина. И Украина се брани од таа агресија. Ова е агресорска војна на Русија против Украина, чисто и едноставно. Од почетокот“, смета Кирби.

Додаде дека нема да ги коментира украинските воени операции и дека Вашингтон е во постојана врска со Киев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ