недела, 20 октомври 2024

Белата куќа за новите обвинувања на Кремљ: Очигледно е дека тоа е лудо. Песков едноставно лаже

Објавено на

часот

Сподели

„Очигледно е дека станува збор за лудо тврдење. САД немаат ништо со тоа. Дури не ни знаеме што точно се случило, но ве уверувам дека САД немаа никаква улога во тоа“, кажа за Си-ен-ен портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби.

Тој додаде дека САД не ја поттикнуваат ниту ѝ помагаат на Украина да врши напади надвор од своите граници и не одобрува напади на поединечни лидери.

„Засега не е јасно што се случило кај Кремљ и САД и понатаму се обидуваат да ја проценат ситуацијата“, додаде Кирби. „Ние всушност сè уште не знаеме што се случило“, повтори тој.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков претходно денес кажа дека зад нападот со дронови на Кремљ со цел ликвидација на рускиот претседател Владимир Путин стојат САД.

„Песков едноставно лаже“, возврати Кирби.

„Рускиот претседател Владимир Путин е агресор во Украина и тој може да го прекине конфликтот со повлекување од украинската територија“, додаде портпаролот.

На новинарското прашање за разузнавачките податоци за можни напади на Русија на клучна инфраструктура на земји членки на НАТО, Кирби одговори дека не му се познати такви податоци, но дека тоа е нешто за што се води сметка од почетокот на војната.

Шефот на разузнавачката служба на НАТО во средата предупреди дека Русија би можела да се обиде да саботира подводни кабли за да ги казни западните земји за пружањето помош на Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ