сабота, 27 јули 2024

Белата куќа: Руското излегување од договорот за житото ќе загрози милиони луѓе

Објавено на

часот

Сподели

„Ја повикуваме владата на Русија веднаш да ја поништи одлуката за излегување од договорот за извоз на житарки преку Црно Море“, соопшти советникот на Советот за национална безбедност на Белата куќа Адам Хоџ. Лондон исто така побара Русија да го обнови договорот и да се обврза не негова целосна примена.

„Со едностраниот потег кој доведе до пропаѓање на договорот Русија ја користи храната како оружје и спречува житарките да стигнат до оние на кои им се најпотребни“, кажа портпаролот на британското министерство за надворешни работи.

„Британија го осудува очигледниот руски обид да им наштети на најранливите“, се додава во соопштението.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски кажа дека мора да се направи сè за црноморскиот коридор за извоз на житото и понатаму да се користи, пренесе неговиот портпарол Сергеј Никифоров.

„Дури и без Руската Федерација, мора да се направи сè за да го користиме црноморскиот коридор. Не се плашиме“, кажа Никифоров.

Додаде дека ги контактирале компаниите и сопствениците на бродовите дека се спремни ако Русија попушти. „Турција и понатаму ги пропушта, сите се спремни да продолжи снабдувањето со жито“, додаде тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ