Таа потенцираше дека мора да се работи на сите полиња, за да се стопира процесот на иселување на младите, преку посилно чувство на припадност во општеството и мотив да останат и понатаму да помогнат во развојот на државата.
Во месец мај во училиштата се запишале 17.200 првачиња, или 500 помалку од лани.
Бранот на иселување продолжува да ги празни македонските училишта.
Од Министерството за образование и наука (МОН) најавуваат дека во следните три години ќе се градат нови 28 училишни спортски сали во Македонија.
Според податоците на Државниот завод за статистика и бројот на учениците во редовните основни училишта се намалува – на почетокот на учебната 2023/2024 година бројот на учениците во редовните основни училишта изнесува 182.124, што претставува намалување за 1,6 % во однос на претходната учебна година, кога имало 185.099 ученици.
Бројот на учениците во редовните средни училишта, на почетокот на учебната 2023/2024 година, изнесува 67.278, што исто така значи намалување за 2,8 % во однос на претходната учебна година, кога имало 69.227 средношколци. Од 2017/2018 до 2022/2023 вројката на ученици во основото образование е намалена за 6.272 деца.
Поради намалениот број на ученици, постои опасност дел од училиштата, посебно во руралните средини, да се затворат. Во тек е проект за оптимизација на училишната мрежа во земјата. Под лупа ќе бидат ставени училишта во одредени региони каде има само по неколку деца, а на оддалеченост од два километри постои друго централно училиште, каде децата ќе можат да посетуваат настава.
За една година 14 основни училишта во Македонија ставиле клуч на вратата. Податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) покажуваат дека од 976 во 2021/2022 година, бројот на основни училишта минатата година се намалил на 962. Истовремено, било затворено и едно специјално основно училиште и сега нивниот број е 35. Статистиката исто така забележува намалување и на бројот на паралелки и на ученици. Пораст има само на бројот на наставници.
За 15 години, има околу 50 илјади помалку ученици во основното училиште, а околу 30 илјади во средните училишта.
Податоците меѓу двата пописи покажуваат дека населението во земјата се намалило за над 200 илјади.