вторник, 21 јануари 2025

Бектеши за рудникот Иловица: Подобро Владата да донесе било каква одлука отколку да одиме на арбитражен суд

Објавено на

часот

Сподели

Според него, многу подобро е институциите да донесат некаква одлука, отколку да не постапуваат воопшто зашто така, наласи, оставаат простор за отворање арбитражна постапка што е голем ризик. Бектеши тврди дека Министерството за економија ниту некого излажало, ниту измамило, ниту ставило некого во заблуда откако дел од медиумите пренесоа изјави на членови на Влада дека Бектеши ги излажал за рудникот Иловица.

Министерот Бектеши информираше дека Владата ја поништила одлуката за спојување на концесиите за експлоатација на бакар и злато за рудникот Иловица-Штука. Тој предупреди дека поништувањето на одлуката ќе има правни последици за државата.

„Владата одлучи да престане да важи претходната одлука, а тоа значи дека ние се враќаме таму каде што бевме, не носиме ниту позитивна, ниту негативна одлука. Министерството за економија инсистира да се донесе некаква одлука, а што е подобро за интерес на граѓаните ќе покажат времето и аргументите“,  изјави денеска Бектеши.

Од компанијата Еуромакс претходно истакнаа дека секое непочитување на законските процедури ќе ги принуди да покренат меѓународна арбитража против државата, а евентуалната штета би можела да изнесува најмалку една милијарда евра, без да се вклучат каматите во оваа сума.

Како што посочи Бектеши откако речиси час и половина детално го образложуваше сите акти и одлуки поврзани со Иловица-Штука од 2005 година до сега, „Еуромакс“ во моментов има сопственост на двете концесии. Тие не се одземени од страна на Владата, па компанијата, согласно Законот за минерални суровини, има право да го обнови барањето за спојување на концесиите.

Според него, многу подобро е институциите да донесат некаква одлука, отколку да не постапуваат воопшто зашто така, нагласи, оставаат простор за отворање арбитражна постапка што е голем ризик. За конкретниот случај, објасни Бектеши, неопходен е некаков акт и тоа акт кој би бил поврзан токму со заштита на животната средина, како што ценат и бараат граѓаните што воедно е став и на Министерството за економија.

„Ние денеска не поседуваме никаков акт како Министерство за економија дека е одбиено некое решение, некој елаборат, дека имаме некое негативно мислење во последните 15 години во делот на заштитата на животната средина врз основа на кое би донеле предлог-одлука за да се раскине договорот со инвеститорот. Имаме лепеза можности за да имаме таков акт, може да е од МЗШВ, од Министерството за транспорт и врски, зашто треба да се сечат шуми, да се пробива пат… Мора да имаме акт за да постапиме како Министерство за економија. Еуромакс рисорсис има сопственост на двете концесии, тој ќе има право да го повтори барањето за спојување на концесиите што значи дека согласно управната постапка, Министерството за економија ќе има концесионер Еуроомакс, а и државата ќе има концесионер Еуроомакс, не на една, туку на две концесии, со тоа што, со одлуката на судот Еуроомакс ќе има дополнително право во роковите за барање дозвола за експлоатација. Оттука, нашиот предлог како Министерство за економија е, да се повикаме на аргументот заштита на животната средина како најдобра опција, нешто што го бараме и ние и целата јавност и да се донесе акт со кој ќе се утврди дека одредена потенцијална инвестиција е спротивна на стандардите за заштита на животна сртедина. Откако ќе се донесе тој акт или ќе се одбие и нема да се донесе позитивно решение за заштита на животна средина, утредента Министерството за економија ќе достави предлог за раскин на договорот. Но, да се дава простор за да не се носи никаква одлука, да не постапуваат институциите, мислиме и сме на ставот дека тоа е голем ризик за арбитражна постапка“, истакна Бектеши. 

Негов главен аргумент, како што дополни, но и на речиси сите институции, па и на владините од 2016 година до денес, е дека оваа потенцијална инвестиција е спротивна на прописите за заштита на животната средина.

Според Бектеши, одлуката за враќање на концесијата е конечна, а за барањето за спојување на концесиите од 2016 година му е наложено на Министерството за економија да постапи согласно управната постапка. 

к

„Вчера не беше одбиена одлуката за спојување на концесиите, туку се донесе одлука со која престанува да важи претходната одлука за спојување на концесиите. Всушност, не сме им земале некакво право на концесионерите, ниту сме им ја зеле концесијата или сме им го одбиле барањето, ние само сме се вратиле чекор назад. Тоа го кажав и вчера и пред еден месец. Јас ќе ја почитувам секоја владина одлука, тоа ми е и обврска, но е и моја должност како претставник на Министерството за економија да укажам на можни последици од носење или неносење одлуки“, рече министерот Бектеши.

Тој најави дека кога ќе се бара дозвола за експлоатација за втората концесија, Министерството за економија ќе ја донесе истата одлука како за првата концесија, а тоа е одбивање со решение на барањето за дозвола на експлоатација поради некомплетна документација што следствено ќе значи предлог-одлука за едностран раскин на договор.

 „Вчера на владината седница имавме повеќечасовна дискусија, изнесени беа различни ставови. Едногласно беше донесена Одлуката за прекинување на важноста на претходната одлука за спојување на концесиите, но јас апстинирав зашто не можам како претставник на Министерството за економија да гласам спротивно на тоа што и вчера и пред еден месец беше презентирано и орбазложено од страна на Министерството за економија. Јас ќе ја почитувам владината Одлука, но мора да потенцирам дека моја должност како министер за економија е да се запазат правно-формалните процедури. Треба да ги заштитиме целосно граѓанинот и државниот интерес и да не одолговлекуваме со неносењето одлуки. Сега, практично се враќаме назад, роковите се враќаат од почеток. Веќе сме одзеле една концесија во 2019 година за некомплетна документација по барањето дозвола за експлатација. За жал, таа одлука е одбиена од страна на судот. Министерството за економија ќе го донесе истото ова решение и за втората концесија, но дали тоа ќе го реши проблемот? Ние не сме убедени дека ќе го реши. Со престанокот на важење на претходната одлука, формално-правно се враќаме таму каде што бевме, не носиме ни негативна, ни позитивна одлука“, објасни Бектеши.

Тој уште еднаш потенцира дека институциите не треба да молчат, туку треба да донесат конкретни акти за да не му остават простор на концесионерот да се повика на неносење одлуки. 

„Ние треба да постапиме согласно претходни управни постапки и барања и не да молчиме како институции, туку да донесеме конкретни акти, да не оставаме простор да се повикаат на неносење одлуки. Тоа е ставот на Министерството за економија, јасен и прецизен и повеќе сме од убедени дека е точен и вистински. Оваа нова владина одлука само ја враќа ситуацијата во статус-кво и ја изложува Северна Македонија на потенцијална арбитражна постапка, која може македонските граѓани да ги чини многу. По 5, 6 или 10 години, моите и вашите деца и на сите граѓани од денешните одлуки може да патат и да плаќаат милионски суми за административни – технички пропусти“, рече Бектеши.

Нашите очекувања, како што рече, се дека оваа одлука ќе се спори од страна на концесионерот, што е нивно право.

„Како институција ќе направиме максимум за да ја браниме оваа одлука. Иако морам да бидам многу транспарентен со јавноста. Имајќи ги предвид аргументите кои ги презентирав тука и можна правна разврска во иднина, ние како Министерство за економија вчера апстиниравме од оваа одлука на Владата. Но, ние не излегуваме во јавност да кажеме дека нема да ја почитуваме оваа одлука, затоа што не сме убедени во неа. Ние ќе направиме се што е во наша надлежност да ја браниме оваа одлука. Но, сите правници, во Министерството и надворешни адвокатски куќи велат дека ова не ја менува суштината. И после оваа одлука, концесионерот Еуромакс има сопственост на двете концесии. И после оваа одлука ќе има право да го повтори барањето за спојување на концесиите“, подвлече Бектеши.

Одговорајќи на новинарски прашања, министерот истакна и дека потенцијален нов инвеститор ќе треба да ги исполни условите од новиот Закон за минерални суровини кој не дозволува користење цијанид за експлатација на руда.

Во врска со наводните информации во јавноста дека некои владини членови биле „излажани“ и „измамени“ од Министерството за економиоја во врска со случајот Иловица, Бектеши во неколку наврати на прес-конференцијата рече дека очекува тие да излезат и јавно да кажат дека не било така.

„Вчера добив потрвда од колегите дека не кажале дека биле излажани или измамени, очекувам тоа да излезат и јавно да го демантираат. Биле толкувани поинаку и тоа ќе го кажат. Министерството за економија работи согласно законските прописи, согласно насоките и одлуките на судот, а во делот на одлуките е одговорност на Владата да донесе одлука – и за детални геолошки истражувања и за екслоатација и за спојување како во конкретниот случај“, нагласи Бектеши.

Образложувајќи ги сите судски и управни постпаки, министерот потсети дека откако се смени власта и откако тој дошол на функцијата, било обновено барањето до Владата во 2018 година и била доставена предлог-одлуката за спојување, согласно теренскиот увид и записникот од луѓето кои го направиле увидот.

„Во претходната Влада, на четири седници минимум била ставена на дневен ред точката за спојување на концесиите, но на ниту една од тие седници Владата не донела одлука. Четири пати ја одложила точката и му се давало простор на тој начин на концесионерот да ја тужи одлуката за одбивање решенија за дозвола за експлоатација“, рече Бектеши. 

Владата на 27 јуни годинава гласаше да се спојат двете концесии, првата на локалитетот „село Иловица“ во општина Босилово, а другата исто така на локалитетот „Иловица“, но и на дел во општина Ново Село. Како што рече Бектеши, првата концесија според територијата целосно се поклопува под втората концесија, која опфаќа поголема површина.

Министерството за економија ниту некого излажало, ниту измамило, ниту ставило некого во заблуда, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши на прес-конференција во врска со концесиите за рудникот Иловица – Штука.

Според него, не се работи за една, туку за две концесии.

„Можам слободно да потврдам, а очекувам тоа да го потврдат и другите колеги, дека Министерството за економија ниту некого излажало, ниту измамило, ниту ставило некого во заблуда. Како што најавивме на брифингот, ние сме доставиле само хронологија на настаните и што е одлучено од 2005 година до денеска во делот на Предлог-одлуката за спојување. Истата информација беше на седницата на Владата, не е сменето ни образложението, ни информацијата, но ова е политичка Влада и се носат во одредени моменти и политички одлуки“, истакна Бектеши. 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ