сабота, 27 јули 2024

Бектеши ветува дека нема да им промени во ефтината тарифа за струјата

Објавено на

часот

Сподели

„Финализиран е новиот модел на тарифирање од страна на РКЕ. Само треба да се одлучи од страна на Владата во делот на цената на ЕСМ што ќе ја даде за ЕВН хоум како што правиме двапати годишно. Лани одлучивме да биде 41 евро, сега се прават анализите во ЕСМ. Кога ќе се одлучи со која цена ЕСМ ќе ги покрива потребите на ЕВН хоум за домаќинства и мали и микро претрајтија, тогаш ќе знаеме колкава би била финалната цена по блокови“, информира Бектеши.

Тој вели дека на регулираниот пазар, освен домаќинствата, влегуваат и микро и малите компании со не повеќе од 50 вработени и со приход под два милиона евра во претходната година. 

„Но, што направиле одредени фирми, за што е известана УЈП, отвориле други фирми или го намалиле бројот на вработени за да влезат на регулираниот пазар. За жал, тоа го направиле и одредени општини“, рече министерот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ