сабота, 27 јули 2024
Изјави од министерот за економија

Бектеши уверува дека граѓаните до крајот на годината нема да плаќаат поскапа струја

Објавено на

часот

Сподели

Тој нагласи дека и да се зголеми ДДВ-то на 18 проценти, дека тоа на сметките на граѓаните нема да влијае. Кој ќе биде моделот ќе се реши низ разговори во енергетскиот совет. 

„Нема да продолжи мерката за замрзнување на цените на земјоделските производи, имајќи предвид дека цената на одредени производи веќе е пониска од утврденото ниво. Инфлацијата во делот на прехранбените производи нагло се намалува, така што очекуваме во јуни инфлацијата во земјата да биде пониска од десет насто“, рече Бектеши и истакна дека ситуацијата со цените на производите се следи, така што доколку биде забележана злупотреба од трговците, ќе бидат спроведени соодветни мерки.

„Согласно последните податоци, инфлацијата оваа година ќе биде под проектираното ниво. Во делот на различни мерки, ние на дневна база правиме анализи и секогаш може да се усвојат, тоа ќе го правиме секако во соработка со стопанските комори“, рече Бектеши.

Изјавите Бектеши ги даде на заедничката прес-конференција со министерот за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина, Сташа Кошарац. Двајцата министри потпишаа договор за економска соработка помеѓу Македонија и Босна и Херцеговина и договор за соработка во областа на туризмот помеѓу Владата на Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина.

Целта на договорот за економска соработка е промовирање соработката помеѓу владини институции, професионални организации, деловни асоцијации, економските оператори, стопанските комори и др. Исто така со договорот ќе се поттикне и олесни размената на економски информации од взаемен интерес, да ги поддржуваат договорите помеѓу бизнисмените и поддршката за учество на изложби и саеми организирани во нивните земји, да поттикнуваат инвестициски активности, основање за заеднички вложувања.

Со Договорот за соработка во областа на туризмот  се овозможува зајакнување на постојаните  контакти   и  воспоставување  нови  како и    проширување на   соработката  од  страна  на  туроператорите, преку  аранжмани со  туристичка  понуда од  двете  земји,  размена  на  експерти, одржување  на  семинари,  зголемување  на пропагандните активности со  промовирање на  нашата  туристичка  понуда, отварање  на  можности  за  директни  инвестици и  заеднички  вложувања на  фирми  од  оваа земја во македонското туристичко  стопанство, учество  на  туристички   саеми, како и снимена  документација на  видео  записи  за  убавините и  туристички  можности   на двете земји.

Според статистичките податоци во 2022 година 6.854 туристи од Босна и Херцеговина ја посетиле Македонија, што е раст од 32,3 %, споредено со претходната година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ