За Бектеши како и за други лица, според информации од обвинителството, ќе се бара краткотраен притвор.
Од ОЈО Кочани, откако беше сослушан претходно попладнево заминал кочанскиот градоначалник Љупчо Папазов, кој ги избегнал медиумите. За него сè уште не се знае дали е меѓу осомничените за трагедијата.
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска на прес-конференција соопшти дека во врска со несреќата во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани се работи на итно процесирање на 14 осомничени. Тој информираше дека се тие се осомничени за „тешки дела против општа сигурност“ по член 292 од Кривичниот законик со казна затвор од најмалку три години без горна граница на казнување, што може да се движи до 20 години. Воедно, рече дека се испитуваат дејствија на примање и давање поткуп, како и незаконска набавка на пиротехнички средства.