сабота, 27 јули 2024

Бектеши: Македонија ќе стане енергетски независна од источниот блок, поскапување на струјата нема да има

Оваа година е многу важна за нас зашто, од осамостојувањето на државата до денес, прв пат ќе бидеме целосно независни од источниот дел во однос на снабдувањето со енергенси, посебно во делот на природен гас, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши во дискусијата на панелот „Инвестиции во енергетска транзиција и инфраструктура за здрава животна средина и европска иднина“ што се одржува во рамки на конференција „Година на европски можности“. На новинарско прашање дали Владата размислува за ревидирање на висината на субвенцијата на цената на струјата со оглед дека сега има два часа евтина струја во текот на денот, Бектеши истакна дека во одредени месеци субвенцијата ќе се зголеми, а граѓаните да бидат спокојни бидејќи ќе нема зголемување на цената за првиот и вториот блок.

Објавено на

часот

Сподели

Бектеши информира дека е во завршна фаза и ставањето во функција на продуктоводот кој е изграден повеќе од една деценија, но кој досега не проработи. Првичната цел на продуктоводот, рече Бектеши, беше пренос на сурова нафта, а сега, со последните измени на Законот за енергетика, преку него ќе може да се пренесуваат и други деривати, вклучувајќи го и дизелот.

„Пораката е дека по 1991 година до денес нашата држава била зависна од источниот дел за снабдување со енергенси. Од оваа година натаму нема да бидеме зависни од ниту една држава, сами ќе одлучиме согласно принципите на конурентност и дополнитлени можности во делот на снабдување со енергенси што ќе ја зголеми безбедноста на нашата држава и ќе ја забрза интеграцијата во ЕУ“, истакна Бектеши.

Тој најави дека Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција предвидува инвестиција во инфраструктурата и поврзување со соседите, како и трансформација на домашните капацитети од конвенционално производство на „зелена енергија“.

„Во делот на фосилните горива, успеавме преку преговори со ЕУ и други засегнати страни да го преминеме рокот од 2030 до 2040 година за да ги пренасочиме нашите блокови, посебно во РЕК Битола и РЕК Осломеј, како и во ТЕЦ Неготино, од производство на електирчна енергија со  јаглен на природен гас, имајќи предвид дека после децении почнуваме со градење нов интерконетор кој ќе овозможи безбедност во снабдување со енергенси, но генерално и за државата зашто до овој момент бевме целосно зависни од една влезна точка за снабдување со природен гас – со Бугарија, која, за жал, до 2030 година е закупена од Газпром, истакна Бектеши.

Според него, МЕПСО работи исклучително добро во делот на поврзување на пазарите на електрична енергија и со Косово и со Грција.

На новинарско прашање дали Владата размислува за ревидирање на висината на субвенцијата на цената на струјата со оглед дека сега има два часа евтина струја во текот на денот, Бектеши истакна дека во одредени месеци субвенцијата ќе се зголеми, а граѓаните да бидат спокојни бидејќи ќе нема зголемување на цената за првиот и вториот блок.

Целта на воведување на дневната евтина тарифа, посочи Бектеши, беше од моментот кога имаше инвестициски бум во делот на фотонапонските централи. Во моментот кога зборуваме имаме инсталирани капацитети кои веќе произведуваат електрична енергија, а генерално во текот на денот  се произведува повеќе од 680 мегавати. Тоа значи дека од април до октомври ќе имаме вишоци во одредени часови на денот што дава можност преку конкурентност да се намали цената на производство на фотонапонски централи.

„Како Влада секако дека субвенциите ги даваме индиректно преку работењето на ЕСМ со утврдување на цената на ЕСМ која ја нуди за универзалниот снабдувач и така ќе продолжиме до средина на оваа година кога треба да се донесе и новата одлука за цената на ЕСМ која ќе ја дава до универзалниот снабдувач што е и снабдувач за сите домаќинства и мали потрошувачи. Ова значи дека до 1 јули ќе има субвенција од страна на Владата директно преку ЕСМ со утврдување на нивната цена со која се продава електричната енергија“, рече Бектеши.

Како што појасни, во одредени месеци, субвенцијата ќе се зголеми.

„На пример во јануари, во февруари,  имаме помало производство на електрична енергија од страна на фотонапонските централи, а од април до октомври ќе се намали што на крајот на година со пресметките, методологијата на РКЕ, ќе биде истата цена и нема да има зголемување за одредени блокови. Значи, граѓаните да бидат спокојни дека нема да има зголемување за првиот и за вториот блок. Спротивно, ќе има намалување на давачката за дистрибутивната мрежа“, рече Бектеши.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ