Расправата во Владата за концесијата за Еуромакс рисорсис е во тек. Денеска се одржа првата седница на Владата по враќањето на министерот Бектеши од службеното патување во САД. Бектеши денеска треба да реферира за сите управни и судски постапки поврзани со концесијата за бакар и злато на локалитетите Иловица и Штука.
Неколкумина министри од СДСМ јавно се изјаснија против изградбата на рудникот.