понеделник, 16 декември 2024
Министерот од ДУИ со коментар

Бектеши: Го почитувам мислењето на „огнените“, но не можат да ни го наметнат зашто тие се малцинство

Објавено на

часот

Сподели

„Да, се познавам и разговарам со господата Муса Џафери, Изет Меџити, Блерим Беџети и други… Нивните критики се легитимни и можат да придонесат за нас, кои сме на државни функции, да се корегираме, да исправиме некои грешки. Но наметнување одлуки во форма на демократија, а тие се малцинство во ДУИ, е тоа не е во ред, зашто во демократијата одлучува мнозинството“, изјави Бектеши.

Тој додаде дека токму мнозинството на Конгрес го има избрано претседателството на ДУИ и оттаму се и функциите во партијата. Според него, членовите на Владата од ДУИ и другите државни функционери добро си ја вршат работата, а ДУИ ја остварува програмата. Затоа, нагласи, генерално, не „држат вода’ критиките од „огнените“.

„Го поставуваме камен темелникот за најголемиот инфраструктурен проект во независната држава, коридорите“, рече Бектеши. 

„Не е точно дека отсуствува дебата, па ДУИ е најдемократската партија, нашите дебати траат со часови“, рече Бектеши и нагласи дека токму лидерот Али Ахмети поттикнува да се водат дебати. Мнозиството, се разбира, потоа одлучува, додаде тој.

На прашањето дали на последниот состанок на ДУИ „огнените“ си заминале пред да се гласа, Бектеши  одговори дека сите се залагале да се гласа.

„Лидерот Ахмети на сите им дава простор. Да, тие (огнените) гласаа против, но сите на состанокот гласаа“, нагласи Бектеши.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ