петок, 1 март 2024

Бектеши ги повикува граѓаните да дадат предлози за ограничување на цената на овошјето и зеленчукот

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти министерот за економија Крешник Бектеши, анализите на податоците за овие производи се завршени.

Бектеши воедно ги повика граѓаните да дадат придонес во дополнување на листата производи.
 
„Утре се определуваат највисоки цени за домати, крастивици, кромид, карфиол, пипер, грав, леќа, банани, портокали, мандарини и лимон. Ги повикувам граѓаните да дадат исто така придонес во делот на дополнување на листата на производи, како и на цените на кои тие сметаат дека треба да се замрзнат во делот на овошје и зеленчук или други производи. Се грижиме заедно“, напиша министерот.
 
Владата веќе ја замрзна цената на дел од производите за хигиена, на тестенините, млечните проиозводи и на белиот и полубелиот леб до 450 грама. 

Според министерот Бектеши, замрзнувањето на цените е мерка која дава резултат и можно е да се пролонгира кај одредени производи и по утврдениот краен рок, доколку се процени дека за тоа има потреба. Исто така, најави дека не се исклучени и други вакви интервенции.

Министерот е дециден дека нема да дојде до нагло поскапување на производите кога ќе престанат да важат владините одлуки за замрзнување на цените.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ