сабота, 27 јули 2024
Реакција

Беќаровски: Нашиот УКИМ, каков-таков, е меѓу 8-те отсто најдобри универзитетите во светот

Откако вчера беше објавена ранг листа од 2.000 универзитети во светот, на која Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ се најде на 1.990-то место, познатиот лекар, проф.д-р Нико Беќаровски,  реагира дека „нашиот УКИМ, каков – таков“, сепак е рангиран меѓу 8-те проценти од од универзитетите во светот кои воопшто се рангираат. Тој прави интересни споредби, па вели дека тоа е како македонската фудбалска репрезентација да е рангирана на 15 место во светот.

Објавено на

часот

Сподели

„Во светот постојат повеќе од 25.000 Универзитети, од кои повеќе од 15.000 се лоцирани во најразвиените 20 држави во светот. Каков – таков, нашиот УКИМ со своето 1.990 место се наоѓа во само 8% од универзитетите кои воопшто се рангираат.
Тоа е еднакво како нашата Македонија да е 16 најбогата држава во светот, а не 76, или како фудбалската репрезентација да ни е 15 во светот.
За жал во скоро време со сигурност ќе исчезнеме од листата на најдобрите 2.000.
Причините се мултифакторијални и многу добро ги знае секој од асистент до редовен професор.
За подобри резултати веројатно треба да се копира српскиот модел, каде сите четири државни Универзитети се рангирани на оваа листа, а Белградскиот универзитет секоја година бележи напредок.
Ако ви е за каква било утеха, од 4.300 Универзитети во САД, 3.750 се полошо рангирани од УКИМ, а во друштвото на топ 2.000, нема ниту еден од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, и Црна Гора“, вели преку Фејсбук во својата реакција Беќаровски.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ