четврток, 26 декември 2024

Беким Мехмеди и Мирослав Георгиевски избрани за в.д.претседатели на судовите во Гостивар и Кратово

Судскиот совет на Македонија донесе одлуки на денешната седница за определување на судиите Беким Мехмеди и Мирослав Георгиевски за в.д. претседатели, соодветно на Апелационен суд Гостивар и Основен суд Кратово.

Објавено на

часот

Сподели

Во кусата дебата од членовите на Судскиот совет беше кажано дека за в.д. претседател на Апелационен суд Гостивар, единствен пријавен кандидат е судијата Мехмеди, досегашниот претседател на овој суд. За овој кандидат, формираната комисија утврдила дека ги исполнува условите, по што е донесена одлука да продолжи како в.д. претседател, сè додека не се изврши избор на претседател на АП во Гостивар, за што постапката е во тек и е при крај.

За в.д. претседател на ОС Кратово биле пријавени двајца кандидати, но со оглед дека судијката Ружица Здравковска веќе имала два мандати во кои ја извршувала функцијата претседател на ОС Кратово (2012 до 2016 и од 2016 – 2020), беше посочено дека нема законски можности да продолжи постапката во врска со нејзината кандидатура. Постапката продолжи по однос на Мирослав Георгиевски, судија на ОС Куманово како единствен кандидат, за кој Судскиот совет одлучи и го определен за в.д. претседател на ОС Кратово, сè до изборот на претседател на овој суд.

На седницата беа избрани и тројца судии поротници во Апелационен суд Скопје и девет судии поротници во ОС Штип.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ