сабота, 27 јули 2024

Бекам и Гигс ќе ја предводат Велика Британија на ЛОИ?

Објавено на

часот

Сподели

И Бекам, моментно член на ЛА Галакси, и Гигс, член на Јунајтед, потврдиле дека се заинтересирани да бидат дел од тимот на Британија, кој ќе го предводи селекторот на младата репрезентација на Англија, Стјуарт Пирс. Гигс за ривал на својата позиција го има Герет Бејл, актуелната велшка ѕвезда на лондонски Тотнем, кој исто така изјави дека има желба да игра на ЛОИ.

Меѓу ѕвездите што покажале интерес за настап се и младиот фудбалер на Арсенал Арон Ремзи, исто така Велшанец, потоа играчот за врска на Лил, Џо Кол, ексфудбалер на Вест хем, Ливерпул и Челси. Фудбалската асоцијација објавила дека исконтактирала 191 фудбалер и дека Стјуарт Пирс треба да ги одреди 23-та што ќе настапат на фудбалскиот турнир.

Тимот на Велика Британија наиде на голем отпор кај федерациите на Северна Ирска, Шкотска и Велс, поради автономијата што ја имаат во фудбалскиот свет. Четирите нации се основачи на ФИФА, па и оттаму имаат сопствени селекции, што не е случај во другите спортови.

На фудбалскиот турнир на ЛОИ право на настап имаат играчи до 23 години плус тројца над таа возрасна категорија. Велика Британија последен пат имала фудбалски тим на едни ЛОИ пред 50 години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ