Кристијано Роналдо има огромен натпреварувачки дух, па на моменти знае и да претера со негодувањето. Еден таков момент сега сподели Герет Бејл, кој пет години играше покрај напаѓачот во Реал Мадрид.
„Роналдо беше добар соиграч и имавме добар однос. Но секако, си имаше свои моменти. На пример, ако победевме со 5-0 а тој не постигнеше гол, беснееше во соблекувалната и фрлаше копачки“ – вели Велшанецот со насмевка на лицето.
Запрашан дали Кристијано Роналдо им се заблагодарувал на соиграчите кога ја освојувал „Златната топка“, Бејл вели: „Да, на сите им се заблагодаруваше“.