Бејби Лазања во објава на Инстаграм ѝ се заблагодари на Владата на Хрватска за паричната награда и од техничкиот премиер Андреј Пленковиќ… Но, побара да донираат по 25.000 евра на Институтот за детска онкологија и хематологија со дневната болница „Младен Ќепулиќ“ и Институтот за детска хематологија, онкологија и трансплантација во Загреб.
Пленковиќ претходно на владината седница најави дека Владата ќе го награди хрватскиот претставник на „Евросонг“ со 50.000 евра, за „огромна промоција на Хрватска“ и за освоеното второ место.