сабота, 27 јули 2024

Бехтел и Енка си отвориле амбуланта, ДСЗИ ѝ забрани на Санте плус 2 да работи и да им пружа здравствени услуги

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ѝ издал забрана за работа на болницата Санте Плус 2 во Гостивар, бидејќи без решение за вршење здравствена дејност издадено од Министерство за здравство склучила договор со Бехтел и Енка за да ги лечи вработените во овој конзорциум во просторија која немала соодветни услови за тоа, а била означена како амбуланта. Бехтел и Енка е американско-турски конзорциум кој гради дел од автопатиштата во Македонија долж коридорите 8 и 10д.

Фото: Санте плус хоспитал груп

Објавено на

часот

Сподели

На 28 февруари годинава, Инспекторатот извршил вонреден инспекциски надзор по поднесена писмена преставка од страна на докторот А. И. во која претставка било наведено дека во несоодветна просторија сопственост на конзорциумот Бехтел и Енка се вршеле прегледи иако не постоеле услови за тоа. Во моментот на надзорот затекната била медицинска опрема, лекови, потрошен медицински материјал и медицински отпад од извршени медицински интервенции, инфузии, шприцеви.

„При надзорот извршен е увид во просторијата, сопственост на Бехтел и Енка. Во просторијата со вкупна површина од 13 метри квадратни, означена како амбуланта, се врши здравствена дејност. При надзорот беше присутно и одговорното лице во Бехтел Енка М. К. кој изјави дека фирмата има склучено договор со ПЗУ Санте плус од Скопје за обезбедување на здравствени работници и здравствени услуги  за потребите на Бехтел и Енка. Даден е на увид договорот во кој се наведени здравствените услуги кои Санте плус 2 требало да ги реализира за потребите на Бехтел и Енка. При надзорот дадена е на увид и диплома за завршен Медицински факултет при Државен универзитет Тетово за докторот Ќ.Б. и образец за заснован работен однос за медицинска сестра во Санте плус 2“, соопштија од Инспекторатот.

Оттаму информираа дека тимот секојдневно доѓал во посочената просторија и пружал здравствени услуги на вработените во Бехтел и Енка.

„На 26 февруари 2024 година ДСЗИ го извести одговорното лице во ПЗУ Санте плус 2 С.А. да биде присутна на надзорот и да ја достави потребната документација, но таа не присуствуваше на надзорот“, се вели во соопштението од Инспекторатот.

Бехтел и Енка е американско-турски конзорциум кој гради дел од автопатиштата во Македонија долж коридорите 8 и 10д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ