сабота, 27 јули 2024

Бехтел и Енка оштетиле црква изградена во 1874 година, тврдат од Левица

Црквата ,,Св. Димитрија” во селото Ореовец кој е гробиштен храм изграден во 1874 година претрпела огромни штети откако конзорциумот Бехтел и Енка кои ги градат автопатиштата долж коридорите 8 и 10д вршела минирање во близина, тврдат од политичката партија Левица.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Штетата е настаната по минирањето во непосредна близина од страна на преплатениот од народни пари конзорциум, што предизвикало земјотреси чија последица се одразила и на овој објект, велат од Левица во денешното партиско соопштение.

„Во Црквата има фрески постари од 150 години – дел од нив изработени на дрво и кожа, кои освен што се од огромно значење за месното население, туку тие претставуваат и богато културно наследство за овој крај. Од потресите, оштетени и испукани се ѕидовите на Црквата и ако се продолжи со минирање, голема е веројатноста да настанат штети од поголеми размери, што не ја исклучува можноста да се случи и нејзино целосно уривање“, велат од Левица.

Покрај штетата на црквата, истакнуваат од партијата, од минирањето загрозени се извори на вода од кои и денес се снабдува Прилеп со вода, оштетени се куќи во селото Ореовец, се крева прашина која поради струењето на воздухот и релјефот на теренот целосно паѓа во Прилеп и прилепските села и се уништуваат ендемични видови на животни.

Прилепчани веќе десетина дена го блокираат патот кон село Ореовец и не дозволуваат машини и работници да продолжат со минирање и ископување, меѓу нив е и пратеникот од Левица, Сашко Јанчев.

Левица претходно во Собранието го блокираше спроведувањето на договорот со Бехтел и Енка со илјадници амандмани.

„Сега најавуваме дека нашите активисти се спремни веќе и физички на терен да ја поддржат борбата на граѓаните“, велат од Левица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ