сабота, 27 јули 2024
Оформен е предмет за преиспитување на правосилна судска пресуда

Бегалецот Груевски бара Врховниот суд да преиспита дали треба да биде осуден на затвор за „Плацеви на Водно“

Објавено на

часот

Сподели

„На ден 10 јули 2023 година до Врховниот суд на Република Северна Македонија доставено е Барање за вонредно преиспитување на правосилна пресуда од осудениот Никола Груевски преку неговиот бранител Димитар Дангов, адвокат од Скопје, по предметот познат во јавноста како ‘Плацеви на Водно’. По поднесеното барање оформен е предмет под КВП-КОК2-16/23 и е распореден кај судија-известител за понатамошно постапување“, се неведува во соопштението од Врховниот суд.

Груевски за „Плацеви на Водно“ првостепено беше осуден на седум години затвор, а Апелацискиот суд годинава ја преиначи пресудата и му ја зголеми казната на девет години затвор.

Никола Груевски во 2018 година, по објавувањето на затворската казна за случајот „Тенк“, побегна во Унгарија каде што доби азил. Македонските власти по него имаат распишано меѓународна потерница. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ