Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од шест години и три месеци за сторени кривични дела по член 238, 242, 236 и 396 од Кривичниот законик.
Д.Џ. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Прилеп за издржување на казната.
Инаку, при лишувањето тој физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија за што ќе му биде поднесена соодветна пријава.