среда, 11 декември 2024

Беџети одлучувал и за жалбите за 27 април, а за Таргет-Тврдина бил казнет со 20% од платата

Кога Судскиот совет лани во ноември одлучуваше за случајот со судијата Енвер Беџети кој дури девет месеци во фиока го држеше досието за скандалот со масовното приуслушување Таргет-Тврдина, реши да го казни судијата со 20 отсто од платата. За шест месеци. За истиот случај Стејт департментот одлучи на црната листа да го стави и судијата од Апелацискиот суд Енвер Беџети и поранешниот вицепремиер Артан Груби.

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението на Стејт департментот се вели дека Груби и Беџети се на црната листа поради вмешаност во значителна корупција, примање поткуп во врска со судските процеси поврзани со ексдиректорот на поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков.

Членовите на Судскиот совет тогаш не успеаја да се согласат за разрешување на судијата, но се согласија со дисциплинската мерка која „ќе му прави проблеми во неговата кариера“.

Во извештајот на тричлената комисија на Судскиот совет за работата на судијата Енвер Беџети било потврдено деветмесечното заборавање на случајот Таргет-Тврдина, скандалот со масовното прислушување, но на крај решиле дека дициплинската мерка од 20% казна на платата на судијата е соодветна мерка.

Случајно или не, токму Беџети како апелациски судија одлучуваше по жалбите за случајот 27 април.

„Сите одлуки кои биле на Енвер Беџети треба и мора да одат на ревизија. Многу чесни фамилии се уништија токму од вакви ликови кои не судеа според словото на законот, туку како ќе им кажат Артан, Али…“, напиша Јане Ченто, еден од осудените лица за 27 април на својот фејсбук-профил.

„Токму Енвер Беџети одлучуваше по жалбите за случајот 27 април… Ова зло мора еднаш засекогаш да се искорени од судството, политиката и секоја пора во општеството. Артан и официјално е на црна листа на САД, впрочем САД почнуваат да расчистуваат со криминалците во политиката и судството во Македонија… Македонија треба да прослави вечерва, а органите на прогонот треба веднаш да тргнат во офанзива за да се најдат овие криминалци зад решетки“, напиша Јане Ченто.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ