сабота, 27 јули 2024
НБА

Батлер со 56 поени го предводеше Мајами до победа над Милвоки, Лејкерс по продолжение го совлада Мемфис (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

На почетокот од последната четвртина Милвоки имаше предност од 14 поени разлика. Тогаш почнаа да доминираат домаќините и како одминуваше времето ја топеа предноста на фаворитот. Тие 12 минути ги добија со 41-25 и победија со 119-114. 

Херој на Мајами беше Батлер кој мечот го заврши со 56 поени и девет скокови, кај Милвоки најдобар беше Лопез со 36 поени и 11 скокови.

Интересен беше мечот меѓу Лејкерс и Мемфис. Гостите беа на прагот на победа, но во завршницата Расел постигна три тројки по ред, а потоа и Леброн даде клучни поени во последната секунда и езерџиите се изборија за продолженија, беше 104-104. Во нив Лејерс беше подобар и на крајот дојде до победа од 117-111.

Леброн мечот го заврши со 22 поени и дури 20 скокови, поефикасен кај него во Лејкерс беше Ривс со 23 поени. Бејн имаше одлична партија за Мемфис со 36 поени, Марант постигна 19.

Резултати: Мајами – Милвоки 119-114 (3-1), ЛА Лејкерс – Мемфис 117-111 (3-1)

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ