сабота, 27 јули 2024

Батлер се повреди, но Мајами победи во Бостон и поведе со 2-1 (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Главната ѕвезда на Мајами, Батлер предвреме го заврши натпреварот против Бостон и со нетрпение се чека да се види дали станува збор за сериозна повреда или ќе се врати за следните натпревари.
 
Но неговите соиграчи иако половина меч играа без него, успеаа да го победат Бостон на негов терен со 109-103. Водеа во целиот тек од мечот, домаќините успеваа да се доближат, но не и да го свртат резултатот.
 
Најдобар во составот на Мајами беше Адебајо кој постигна 31 поен, имаше и десет скокови. Најдобар на мечот беше Браун од Бостон со 40 поени, Тејтум беше тивок, постигна за него скромни 10 поени.
 
Сега е 2-1 за Мајами, и следниот меч меѓу овие два тима се игра во Бостон.
 
[video:https://www.youtube.com/watch?v=_fob9Z4Uyes autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ