среда, 29 мај 2024

Барселона загуби, Реал Мадрид е шампион на Шпанија! (ВИДЕО)

Реал Мадрид е шампион на Шпанија откако тие денеска го совладаа Кадиз, а Барселона загуби на гостувањето кај Жирона.

Објавено на

часот

Сподели

Реал Мадрид рутински ја реши својата задача против Кадиз победувајќи со 3-0, а потоа чекаше резултат од мечот меѓу Жирона и Барселона. Им одговараше било што, освен победа на Каталонците.

Барселона одлично го почна мечот, Кристенсен уште во третата минута погоди за водство од 1-0, но веќе во следната Довбик изедначи на 1-1.

Во судиското продолжение од првото полувреме Левандовски постигна гол од пенал за ново водство на Барса, овојпат од 2-1.

Клучниот момент се случи во 65. минута кога во игра влезе Порту, овој играч само по неколку секунди игра погоди за израмнување на 2-2.

Две минути подоцна Порту беше асистент до Гутиерез за водство на Жирона од 3-2. Но тоа не беше се од овој фудбалер.

Во 74. минута по асистенција од Савио, Порту со неверојатен волеј ги постави конечните 4-2.

Барселона со овој пораз не само што му овозможи на Реал Мадрид да се израдува на шампионската титула уште денеска, туку го загуби и второто место на кое сега се качи Жирона.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ