сабота, 27 јули 2024

„Барселона во моментов не може да го купи Левандовски, нема пари“

Објавено на

часот

Сподели

Роберт Левандовски во неколку наврати јавно изјави дека неговата авантура во Баерн е завршена и побара да направи трансфер, се верува дека Полјакот веќе се има договорено со Барселона.

Но првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас предупредува дека „каталонците“ во моментов немаат пари за реализирање на една ваква зделка.

„Во Барселона знаат што треба да прават, знаат какви се нашите правила и каква е финансиската ситуација во клубот. Не знам дали ќе продадат некого од Френки де Јонг или Педри, или пак ќе продаваат дел од имотот. Барселона има голема акумулирана загуба од изминативе години, па ќе мора да го наполни чекмеџето со пари“ – вели Хавиер Тебас.

„Во моментов тие не можат да го ангажираат Роберт Левандовски“.

Во меѓувреме, каталонскиот весник Спорт пренесе дека Барселона ги известила сите играчи кои планира да ги ангражира ова лето да се стрпат до 15. јуни, до тогаш ќе бидат решени одредни прашања поврзани со финансиите и „каталонците“ ќе можат да доставуваат конкретни понуди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ