недела, 27 октомври 2024

Барселона со реми си оди од Неапол, Порто во 94. минута го победи Арсенал (ВИДЕО)

Виктор Осимен во завршниот дел од натпреварот даде гол за реми на Наполи од 1-1 против Барселона во првиот осминафинален меч од Лигата на шампионите, Порто со гол во четвртата минута од судиското продолжение го совлада Арсенал со 1-0.

Објавено на

часот

Сподели

Барселона беше подобра во првиот дел, но не успеа да постигне гол, на одморот се отиде без погодоци.

По 15 минути игра во вториот дел, Левандовски убаво се снајде во шеснаесетникот на Наполи и постигна гол за водство на Барса од 1-0.

На 15 минути до крајот на мечот, Осимен прими едно додавање од Ангиса и реализираше за изедначување на 1-1, што беше и конечен резултат.

Кога се очекуваше дека мечот меѓу Порто и Арсенал ќе заврши без голови, Галено погоди во 94. минута за триумф на домаќините, Тоа беше перфектен гол.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ