По три меча без победа, Барселона конечно славеше, совладана беше Алмерија во меч од Ла Лига.
Рафиња донесе водство во 33. минута, но осум минути подоцна Леао Баптистао изедначи на 1-1.
Во 60. минута Серхи Роберто го врати водството на Барса, овојпат за 2-1, но следуваше ново израмнување. Гонзалез погоди во 71. за 2-2.
Сепак Барса уште еднаш успеа да даде гол и тоа повторно преку Серхи Роберто кој погоди во 83. минута за конечни 3-2.