Според изгледот на дресовите и коментарите во јавноста, овие дресови се несекојдневни, затоа што основната верзија не е како сите досегашни, со вертикални, пошироки или потенки линии во црвена и сина боја. Ексклузивно, дресовите ги објави каталонскиот весник Спорт, а боите на дресовите имаат футуристички дизајн.
За колекционерите на дресови, овие се едни од најубавите што каталонскиот тим ги имал во својата историја, па се очекува клубот дополнително да заработи на продажбата и да ја пополни касата со десетици милиони евра од маркетингот. Плус, Најки дизајнираше гостински дрес во портокалова боја со кој ќе се одбележи 20-годишнината од првата европска круна на клубот, кој во такви дресови се радуваше на „Вембли“. Токму портокаловиот дрес е несекојдневен затоа што кон дното на дресот бојата бледнее и станува жолта.
И оваа сезона „Катар Фондејшн“ ќе биде на предната страна на дресот, а УНИЦЕФ на задната.