„Каталонците“ ова лето беа во потрага на замена за Серхио Бускетс а на листата со желби имаше неколку имиња како Мартин Зубименди од Реал Сосиедад, Џошуа Кимих од Баерн Минхен и Марсело Брозовиќ од Интер.
Но сите овие се покажаа како прескапи, па Барселона се реши за евтино решение и го врати Ориол Ромеу, кој мина неколку години во академијата, стигна и до првиот тим но никогаш не доби вистинска шанса.
„Барселона и Жирона постигнаа договор за трансферот на Ориол Ромеу. Фудбалерот ќе потпишe договор на три сезони до 30. јуни 2026 година и неговата откупна клаузула ќе биде 400 милиони евра“ – гласеше известувањето.
Како што пренесуваат медиумите од Шпанија, Барселона за услугите на Ориол Ромеу ќе плати околу 4 милиони евра.