сабота, 27 јули 2024

Барселона подготвува одговор на трансферот на Мбапе во Реал, сака голема ѕвезда во 2025

Весникот Мундо Депортиво објави дека Барселона и спортскиот директор Деко сонуваат за ангажман на Флоријан Вирц од Баер Леверкузен, еден ваков трансфер би се реализирал следното лето.

Објавено на

часот

Сподели

По трансферот на Килијан Мбапе во Реал Мадрид, првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта порача дека тој ја преферира нивната фолозофија, односно промовирање на фудбалски ѕвезди преку школката.

Сепак, на Камп Ноу се свесни дека ќе треба да одговорат и на трансфер пазарот за да не дозволат разликата со лутиот ривал да стане прилично голема.

Како што пишува денешното издание на Мундо Депортиво, Барселона и спортскиот директор Деко сонуваат за ангажман на Флоријан Вирц од Баер Леверкузен.

Еден ваков трансфер е планиран за летото во 2025, но задачата воопшто нема да биде лесна.

Покрај тоа што ќе бидат потребни стотина милиони евра за реализирање на зделката, конкуренцијата за талентираниот Германец е огромна, тој е во бележникот на Баерн Минхен, Манчестер Сити, а и Реал Мадрид.

Подолго време се говори дека и „кралевите“ го планираат Флоријан Вирц за летото во 2025, како долгогодишен наследник на Тони Крос и Лука Модриќ, а одредени извори пак велат дека Германецот може да пристигне во Мадрид заедно со тренерот Чаби Алонсо.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ