сабота, 27 јули 2024

Барселона пак киксна, Реал се одлепи на плус пет

Објавено на

часот

Сподели

Ниту Меси не можеше да помогне овојпат

Вечерва европскиот и светски првак ремизираше на гостувањето кај градскиот ривал Еспањол со 1-1, по што повторно заостанува 5 бода зад Реал Мадрид, кој вчера ја совлада Гранада со 5-1.

Васкез на 4 минути до крајот ги шокира фудбалерите на Барселона, откако тие водеа со погодокот на Фабрегас уште од првото полувреме. Ремито е уште еден голем удар за иднината на Пеп Гвардиола како прв тренер на Барса, зашто веќе наголемо се зборува дека му се подготвува замена поради незадоволство од неговите резултати во последно време.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ