среда, 22 јануари 2025

Барселона ја победи Бенфика во 96. минута во луд натпревар со девет голови (ВИДЕО)

Барселона и Бенфика одиграа неверојатен натпревар со дури девет погодоци кој го доби шпанскиот тим со 5-4 со погодок во последниот напад.

Објавено на

часот

Сподели

Спектакуларен меч на Стад Де Луж во Ливерпул, Бенфика двапати водеше со два разлика и на крајот го загуби мечот од Барселона.

Павлидис уште во втората минута даде гол за водство на Бенфика од 1-0, но Левандовски во 13. минута изедначи на 1-1.

Шчесни имаше лошо прво полувреме, па Павлидис даде уште два гола за предност на Бенфика од 3-1.

Во 64. минута Рафиња со комичен гол намали на 3-2, но само четири минути подоцна Араухо несмасно интервенираше за предност на Бенфика од 4-2.

Левандовски во 78. минута даде уште еден гол за 4-3 и ја врати Барса во игра. Во 87. минута Гарсија изедначи на 4-4, а во 96. минута Рафиња погоди уште еднаш за победа од 5-4.

До победа во самиот финиш дојде и Атлетико Мадрид кој со гол на Алварез во 90. минута го совлада Баер Леверкузен со 2-1.

Алварез го даде и првиот гол за Атлетико Мадрид кој го постигна во 52. минута, а Баер Леверкузен загуби и покрај тоа што водеше од првото полувреме со гол на Хинкапи.

Победа од 2-1 забележа и Ливерпул кој беше подобар од Лил. Салах и Елиот беа стрелци за црвените, Давид даде гол за францускиот тим.

Црвена звезда со 3-2 загуби од ПСВ во Белград, немаше голови на мечот меѓу Клуб Бриж и Јувентус, Штутгарт со 3-1 славеше на гостувањето кај Слован Братислава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ