Серијата погодоци ја отвори Рафиња во 20. минута, а обично кога тој ќе даде гол, Барселона победува.
По осум минути игра во вториот дел Жоао Феликс постигна погодок за предност на Барса од 2-0.
Во 61. минута Рафиња беше асистент, додаде за Де Јонг кој постигна гол за 3-0. Тука беа решени сите дилеми околу победникот на овој меч.
Течеше првата минута од судиското продолжение кога Лопез погоди за конечен резултат од 4-0.