Натпреварот помеѓу Барселона и Осасуна, кој требаше да се одигра на 8. март, беше одложен непосредно пред почетокот поради смртен случај во стручниот штаб на „каталонците“, во попладневната дремка починал докторот Карлес Мињаро.
Фудбалската федерација на Шпанија потоа одреди скандалозен нов термин, односно натпреварот да се игра на 27. март.
Двата клуба веднаш го кренаа гласот и поднесоа жалби. Барселона спореше дека поради настапот со репрезентации нема да може да смета на Роналд Араухо и Рафиња, а недоволен одмор ќе имаат и Фермин Лопез, Пабло Торе, Жерард Мартин и Ектор Форт. Осасуна пак се пожали дека ќе има два натпревари во два дена, односно веќе на 28. март ги чека пресметка со Атлетик Билбао.
Сепак, ФФШ ги одби жалбите и појасни дека настапот со репрезентации не е валидна причина за промена на терминот, додека пак жалбата на Осасуна е одбиена поради тоа што нивниот натпревар со Атлетик Билбао е поместен на 30. март, па така тие ќе имаат доволно време да се опорават и подготват за тој меч.