Мејсон Гринвуд беше ослободен од обвинувањата за силување и сексуален напад поради немање доволно докази, но навивачите, спонзорите и добар дел од вработените го кренаа гласот против младиот напаѓач, па Манчестер јунајтед одлучи дека Англичанецот нема иднина на Олд Трафорд, и во последните денови од летниот преден рок го испрати на позајмица во Хетафе.
Тој одлично се снаоѓа во Ла Лига, до овој момент има четири погодоци и три асистенции зад своето име, па привлекува голем интерес.
Последните информации велат дека Барселона праќа скаути да ги следат игрите на Мејсон Гринвуд, а неговото име се наоѓа и во бележникот на уште еден гигант, односно Атлетико Мадрид внимателно ги следи неговите настапи.
Валенсија и Реал Сосиедад претходно се споменуваа како клубови кои исто така го меркаат Англичанецот.