понеделник, 3 март 2025

Барселона го победи Реал Сосиедад и се врати на чело во Ла Лига (ВИДЕО)

Барселона со убедливи 4-0 го совлада Реал Сосиедад и го врати првото место на кое привремено застана Атлетико Мадрид.

Објавено на

часот

Сподели

Проблемите за Реал Сосиедад почнаа во 17. минута кога Елустондо заработи црвен картон и гостите останаа со фудбалер помалку, тоа максимално го искористи Барселона.

Во 25. минута Мартин даде гол за водство на Барса од 1-0, а четири минути подоцна Касадо зголеми на 2-0.

По 10 минути игра во второто полувреме Араухо зголеми и на 3-0, а конечните 4-0 ги постави Левандовски во 60. минута.

По 26 одиграни кола Барселона е прва со 57 бода, Атлетико Мадрид има 56, Реал Мадрид има 54 бодови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ