недела, 20 октомври 2024

Барселона го победи Реал Мадрид во Ел Класикото кое се играше во САД (ВИДЕО)

Барселона со 2-1 го совлада најголемиот ривал, Реал Мадрид во вечното дерби кое овојпат се играше како подготвителен натпревар за следната сезона.

Објавено на

часот

Сподели

Прв на гол се израдува Реал Мадрид, но погодокот на Арда Ѓулер беше поништен поради офсајд.

Резултатот беше отворен во 42. минута кога по асистенција од Левандовски, Виктор постигна гол со глава за водство на Барселона од 1-0.

По осум минути игра во второто полувреме 22-годишниот Виктор постигна уште еден погодок и го зголеми водството на каталонскиот клуб на 2-0.

По еден центаршут од корнер во 81. минута, Нико Паз остана сам и ја смести топката во мрежата на Барселона за конечен резултат од 2-1.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ