сабота, 27 јули 2024

Барселона го победи ПСЖ во Париз во супер меч со пет голови (ВИДЕО)

Уште една возбудлива ноќ во Лигата на шампионите, Барселона со 3-2 славеше на гостувањето кај ПСЖ, Атлетико Мадрид на свој терен со 2-1 беше подобар од Борусија Дортмунд.

Објавено на

часот

Сподели

ПСЖ не успеа да ја искористи предноста на домашен терен, францускиот тим беше фаворит во овој меч, но Барселона си оди со победа.

Барселона беше поконкретна во првото полувреме, во 37. минута преку Рафиња постигна гол за водство од 1-0. Имаше шанси и поубедливо да замине на одморот, но тоа не се случи.

Во вториот дел ПСЖ почна фуриозно, по само три минути игра Дембеле му даде гол на својот поранешен тим за израмнување на 1-1.

Веќе во 51. минута се случи комплетен пресврт, по една одлична акција и додавање на Руиз до Витиња, овој даде гол за водство на ПСЖ од 2-1.

Барселона успеа да се соземе од шокот и во 62. минута по една прекрасна асистенција од Педри, Рафиња повторно даде гол за 2-2.

Во 77. минута Гундоган нафрли од корнер, Кристенсен даде гол со глава за победа на Барселона од 3-2.

На Ванда Метрополитано, Атлетико Мадрид ја победи Борусија Дортмунд со 2-1.

Гостите од Германија двата гола ги примија по грешки на одбраната, најпрво погоди Де Пол во четвртата минута, а потоа и Лино во 32. минута за предност од 2-0.

Борусија Дортмунд со гол на Халер во 81. минута намали на 2-1 за поголема надеж во реваншот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ