Резултатот го отвори Гави во 17. минута, тоа беше прв негов гол по долгата пауза поради повреда. Барселона рано поведе во мечот.
Гави се истакна и по седум минути игра во второто полувреме кога асистираше до Ламин Јамал кој постигна гол за победа на Барселона од 2-0.
До крајот на мечот Атлетик Билбао даде два гола, но и двата беа поништени поради офсајд, првиот на Де Маркос, вториот на Ињаки Вилијамс.
Барселона во финалето ќе игра против победникот од дуелот меѓу Реал Мадрид и Мајорка.
Gavi’s first goal of the season! 💥 pic.twitter.com/ZWVxcb6HDK
— FC Barcelona (@FCBarcelona) January 8, 2025