сабота, 27 јули 2024

Барселона го именуваше Ханси Флик за нов тренер

Ханси Флик е именува за нов тренер на Барселона, германскиот стратег стави потпис на договор до јуни 2026 година.

Објавено на

часот

Сподели

„Каталонците“ ја потврдија тренерската рокада, Чави го напушта кормилото на првиот тим, а Ханси Флик ќе седне на жешкото столче.

Барселона попладнево прво соопшти дека и формално се разделува со Чави и неговиот тренерски персонал, постигната е согласност за прекин на договорите кои беа актуелни до крајот на сезоната 2024/25.

25 минути по ова соопштение, Барселона излезе со ново, го потврди Ханси Флик за нов тренер.

„Барселона и Ханси Флик постигнаа договор за Германецот да стане тренер на првиот тим до 30. јуни 2026 година. Новиот тренер стави потпис на договорот во придружба на претседателот Жоан Лапорта, потпретседателот Рафа Јусте и спортскиот директор Деко“ – гласеше известувањето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ