сабота, 27 јули 2024

Барселона ги прекина односите со Израел

Објавено на

часот

Сподели

Предлогот беше одобрен со гласовите на левичарската партија Барселона ен Кому, социјалистите и каталонската ЕРЦ, која се залага за независност. „Тоа не е војна, тоа е геноцид, и како што рече премиерот Педро Санчез, тоа е неприфатливо и ние не само што треба да го осудиме, туку и да дејствуваме“, рече поранешната градоначалничка Ада Колау.

Сепак, извори од градскиот совет потврдија за Каталонската новинска агенција (АЦН) дека прекинот на институционалните односи со израелската влада не влијае на односите меѓу Барселона и градот Тел Авив, кои беа прекинати за време на мандатот на поранешниот градоначалник. Односите меѓу двата града беа обновени во септември од страна на актуелниот градоначалник на Барселона, Жауме Колбони.

Социјалистката Марија Евгенија Гај го бранеше својот глас велејќи дека човековите права „мора да се почитуваат без исклучок и се пред секоја политичка дискусија“. Таа рече дека Барселона „го осудува бруталниот напад извршен од Хамас“, но го повика Израел да се согласи на конечен прекин на огнот.

„Половина од населението на Појасот Газа се деца. Момци и девојчиња, кои не можат да заспијат бидејќи ги гледаат духовите на своите мртви браќа“, рече советничката на ЕРЦ Елисенда Аламани. Премиерот Педро Санчез вчера ја повика меѓународната заедница, особено Европската Унија, да ја признае палестинската држава и не ја исклучи можноста тоа да се направи еднострано.

„Мораме да го замениме насилството со надеж и мир. Неселективното убивање цивили е целосно неприфатливо“, нагласи Санчез за време на посетата на Израел и Палестина.

Во заедничкиот настап со белгискиот премиер Александар де Кро, двајцата лидери повикаа на прекин на „бескрајниот циклус на насилство“ на Блискиот Исток, го предупредија Израел да се придржува до меѓународното хуманитарно право и повикаа на „траен“ прекин на огнот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ